Во Кина откриен нов вид на летaчки диносауруси

Според пишувањето на CNN, кинеските научници пронашле нов вид на летачки диносауруси, кои според својот изглед потсетуваат на лилјаци. Ова откритие му дава едно сосема ново светло на процесот во кој диносаурусите се развиле во птици.

Фосилните остатоци од овој необичен вид на диносаурус, пронајдени се во Лиаонинг, на северо-истокот од Кина во 2017-та година и првично го збуниле Мин Ванг, кинескиот палеонтолог и главниот автор на студиите кои се објавени оваа недела и во кои е опишан овој вид.

Ванг овие летечки диносауруси ги нарекол Ambopteryx Longibrachium.

Меѓутоа, подоцнежните истражувања покажале дека тоа е всушност ситен dinosaur terapod со единствени предни екстремитети и мембрански крила.

Фосилот стар 163 милиони години е вториот по ред кој укажува на диносаурус со крила и кој наликува на лилјак, иако оваа особина е видлива на праисториските летечки верверички, лилјаци и pterosauri. Единствениот диносаурус кој што бил сличен на овој бил Yiqi, кој е опишан во 2015-та година.

Yiqi и Ambopteryx припаѓаат на малото семејство на диносауруси, наречени scansoriopterygids.

Кина била на врвот на многуте откритија на нови видови диносауруси, посебно кај фосилите кои покажале директна врска помеѓу птиците и диносаурусите.

Извор: Klix.ba

Текстот Во Кина откриен нов вид на летaчки диносауруси е превземен од USB.mk.