Во Кина пронајдени јајца на диносауруси стари 80 милиони години

Фосилизирани јајца на диносауруси стари 80 милиони години се најдени во кинеската провинција Џеџанг.

Службениот весник на Комунистичката партија на Кина Global Times објави дека археолозите нашле вкупно 15 фосили на наоѓалиштето во Гуанјинтанг во близина на градот Јиву.

Истиот извор јавува дека неколку јајца биле најдени поединечно, а други во групи.

Сите фосилизирани јајца се ископани и доставени на анализа кај експертски тим во Градскиот музеј на Јиву.

Историчарот и претставник на Музејот Ду Тианминг изјави дека прелиминарните анализи откриваат дека фосилите се стари најмалку 80 милиони години.

„Ова е едно многу ретко археолошко откритие што е од големо значење за идните научни и истражувачки проекти“, рече Ду.

На истото археолошко наоѓалиште и претходно биле најдени траги од диносауруси. Најстарите фосили од овие изумрени животни беа најдени во провинцијата Хебеј, стари 130 милиони години.

Извор: rs.n1info.com

Текстот Во Кина пронајдени јајца на диносауруси стари 80 милиони години е превземен од USB.mk.