Во Москва се тестира ново унапредено возило без возач

Московскиот државен технички универзитет за патишта почна тестирања на нов автономен автомобил во рускиот главен.

Ова го соопшти градската информативна агенција „Москва“ повикувајќи се на заменик-раководителот на Центарот за управување со компетенциите на вработените во МАДИ за паметни транспортни системи Андреј Воробјов.

„Главната одлика на новиот автомобил, за разлика од неговите претходници, е тоа што може да разменува информации со паметни патни системи“, објасни Воробјов.

Засега тестирањето се врши на едно возило, а до есен е планирано да се вклучи уште едно. Возилото е обележано со буквата „А“ со која е означено Автономно возење и има ротирачки светло со жолта боја.

На почетокот на оваа година возила без возач на руската ИТ-компанија „Јандекс“ поминаа серија тестирања на улиците на американскиот град Лас Вегас во рамките на подготовките за саемот на потрошувачка електроника Consumer Electronics Show.

Извор: Russia Beyond

Текстот Во Москва се тестира ново унапредено возило без возач е превземен од USB.mk.