Во нашиот стомак живеат бактерии што произведуваат електрицитет

Досега бактериите кои произведуваа електрицитет се наоѓа главно во егзотични средини како киселите езера на Јелоустоун. Но, научниците најдоа уште едно место на кое може да ги најдете во изобилство – човечките црева.

Истражувачите од Универзитетот на Беркли во Калифорнија, открија дека бактеријата која предизвикува дијареа, Listeria monocytogenes, произведува електрицитет со користење на сосема поинаков метод од познатите „Електрични бактерии“ и дека стотици други бактериски видови го користат истиот процес.

Многу од овие бактерии се дел од човечкиот интестинален микробиом и многу од нив се патогени и често можат да предизвикаат и смртоносна заразна болест, како листериоза која го оштетува централниот нервен систем. Бактериите кои предизвикуваат гангрена и болнички инфекции и некои други штетни стрептокни бактерии исто така произведуваат електрична енергија. Други електрогени бактерии, како лактобацилите, се важни при ферментацијата на јогуртот и многу од нив се пробиотици.

„Фактот дека толку многу бактерии во близок контакт со луѓето, било како патогени или пробиотици, се електрогени – е досега непознат факт. Ова откритие може да ни открие како овие бактерии не инфицираат или ни помагаат да имаме здрави црева“, вели Дан Портној, професор по молекуларна и клеточна биологија.

Извор: Science Daily

Текстот Во нашиот стомак живеат бактерии што произведуваат електрицитет е превземен од USB.mk.