Во недела втор обид да се прелета Англискиот канал со помош на ховерборд

Пронаоѓачот на леталото Flyboard Air за време на викендот по вторпат ќе се обиде да го премине Aнглискиот канал (Ламанш), користејќи ховерборд. Франки Запата ќе се обиде успешно да го заврши својот подвиг в недела со лет од 20 минути од Сангате, Франција, до Св. Маргарет Баја на јужниот брег на Англија.

Иако трасата ќе биде иста како и минатиот пат, станицата за полнење ќе биде на друга локација за да се избегнат минатонеделните проблеми. Flyboard Air има доволно гориво за десетминутен лет, поради тоа што Запата беше принуден да застане на половина пат и да наполни гориво. Сепак, тој ја промаши платформата за само неколку инчи и падна во морето. Овој пат, поголем брод ќе се користи во француските води, каде ќе се врши полнењето на гориво.

Доколку успее во својот план, Запата ќе стане првиот човек што го преминал Англискиот канал на ховерборд. Французинот веќе го држи светскиот рекорд за најдолгиот лет на ховерборд, кој го постави во 2016 година.

Текстот Во недела втор обид да се прелета Англискиот канал со помош на ховерборд е превземен од USB.mk.