Во Пекинг започна изградбата на првата подводна метро мрежа

Властите во Пекинг дадоа зелено светло за почеток на изградбата на првата подводна метро мрежа. Линијата би требало да ги поврзува Нингбо, пристанишен град јужно од Шангај и Џоушан, архипелаг на источниот брег.

Предложениот подводен тунел ќе биде составен дел од 77 километри долгиот железнички план на Јонг-Зоу, со што се настојува да биде унапредена туристичката понуда на градот и да се создаде брза конекција со провинцијата Џејианг.

Иако иницијативата на идеата за проектот е создадена уште во 2005 година, градењето на Јонг-Зоу е одобрено дури во ноември годинава.

По завршувањето на изградбата, по шините на железницата Јонг-Жу ќе се движат возови кои ќе можат да достигнат максимална брзина од 250 километри на час.

Возовите ќе пренесуваат патници за 80 минути, од едно место на друго каде патувањето во моментов трае околу 4,5 часа со автобус или 2,5 часа со автомобил.

За целата рута е планирано да има седум станици, вклучувајќи четири нови. Покрај подводниот тунел, ќе бидат изградени и посебни мостови за поврзување на деловите од архипелагот.

Вредноста на проектот изнесува 3,6 милијарди долари, а почетокот на изградбата е планиран за идната година. Според планот, изградбата ќе заврши во 2025 година.

Текстот Во Пекинг започна изградбата на првата подводна метро мрежа е превземен од USB.mk.