Во Замбија пронајден смарагд вреден 2 и пол милиони долари

Огромeн и исклучително редок смарагд вреден 2,5 милиони долари беше пронајден во рудник во Замбија.

Станува збор за 5,655-каратен скапоцен камен тежок 1,1 килограм, кој е наречен Инкаламу, што значи „лав“ на локалниот јазик Бемба. Смарагдот го пронашле геологот Дебапри Ракшит и рударот Ричард Капета на 2 октомври во рудникот Кагем, кој е претежно во сопственост на компанијата „Гемфилдс“, со седиште во Лондон.

Имиња добиваат само најголемите и највредни скапоцени камења. Смарагдот Инсофру, односно „слон“, пронајден во 2010 година, имал 6,225 карати.

Инкаламу е речиси двојно поголем од најголемиот дијамант во светот, наречен Кулинан, пронајден во 1905 година во Јужна Африка.

Смарагдот ќе биде продаден на приватна аукција во Сингапур овој месец, а 10 отсто од вкупниот износ ќе бидат донирани во проекти за заштита на дивите животни во Замбија и Мозамбик.

Текстот Во Замбија пронајден смарагд вреден 2 и пол милиони долари е превземен од USB.mk.