Volkswagen вложува 60 милијарди евра во нови технологии и е-возила

Volkswagen до 2024. година ќе инвестира 60 милијарди евра во развој на електрични и хибридни автомобили, како и дигитални технологии, соопшти групата која под свое покровителство има повеќе брендови на автомобили. Освен Volkswagen, во ист правец ќе одат и нивните други брендови: Audi, Porsche, Skoda и Lamborghini.

Групацијата планира да произведе 75 варијанти на електрични автомобили и околу 60 модели хибридни возила. До 2029. година ќе бидат произведени околу 26 милиони електрични автомобили, од кои 20 милиони возила ќе ја користат MEB платформата на VW, соопшти германскиот производител. Остатокот ќе се заснова на нова PPE платформа која ја развиваат Porsche и Audi, а која е наменета за спортски возила и оние од високата класа.

Volkswagen планира да ја обнови својата фабрика во Емден, Германија, за да може од 2022. да започне со производство на електричен SUV, а одлуката за тоа каде да се лоцира новата фабрика ќе биде донесена до крајот на годината, соопшти производителот на автомобили.

 

 

Текстот Volkswagen вложува 60 милијарди евра во нови технологии и е-возила е превземен од USB.mk.