VW работи на евтин електричен автомобил од следната генерација

Моделот ID.1 ќе биде во категорија на електричниот Up, а ќе се заснова на новата платформа за електрични возила MEB, со планирана цена од помалку од 20,000 евра

Покрај ID.3, кој треба да претставува столб на следната генерација на електрични возила на Volkswagen базирани на MEB платформата, германскиот автомобилски гигант развива и неколку електрични возила од серијата ID кои ќе ги лансира во текот на следните години – ID.4, порано познат како ID Crozz и ID.2. Додека ID.3 е модел споредлив со Golf, ID.2 спаѓа во категоријата на VW Polo, што значи и конкуренција за Renault Zoe.

Компанијата има планови и за својот најмал модел – VW Up. Моделот е-Up на пазарот е од 2013 година, а наскоро треба да биде заменет со нов модел базиран на платформата MEB. Проблемот со конвертирањето на конвенционалните возила во електрични возила е во тоа што нема доволно простор за батерии, што е нормално бидејќи таквите автомобили не се дизајнирани електрична намена. Токму затоа, VW разви сопствена модуларна MEB платформа, која е прилагодена на електрични мотори и батерии кои ќе се користат во сите идни возила на VW Group.

Моделот ID.1, најмалото возило на електричната марка ID, ќе има цена помала од 20.000 евра.

Текстот VW работи на евтин електричен автомобил од следната генерација е превземен од USB.mk.