Загадувањето на воздухот и сообраќајната бучавата го зголемуваат ризикот од срцев удар

Кога загадувањето на воздухот е големо, нивото на сообраќајна бучава исто така е зголемено. Не само што загадувањето на воздухот негативно влијае врз здравјето, но и бучавата од автомобилите, возовите и авионите го зголемува ризикот за кардиоваскуларни болести и дијабетес, покажуваат истражувањата, пренесува Science Daily.

Истражувањата кои го испитуваат ефектот на загадувањето на воздухот без да го земат предвид и влијанието што бучавата врз здравјето, може да го прецени ефектот на загадувањето на воздухот, покажала сеопфатна студија спроведена од Швајцарскиот институт за јавното здравство.

Студијата ги разгледала комбинираните ефекти на загадувањето на воздухот и сообраќајната бучава за смртноста предизвикана од срцев удар, земајќи ги како пример сите смртни случаи што се случиле во Швајцарија помеѓу 2000 и 2008 година.

Студиите кои исто така ги земаат предвид сообраќајните бучави од патиштата, железничките пруги и аеродромите откриваат дека ризикот за срцев удар кој се припишува на ситните честички всушност се зголемува значително помалку. Наодите покажуваат дека негативните ефекти од загадувањето на воздухот може да бидат преценети во студиите кои не успеваат истовремено да ја разгледаат и изложеноста на бучава.

“Нашата студија покажа дека бучавата во транспортот го зголемува ризикот од срцев удар од 2,0 до 3,4% на 10 децибели, што го зголемува просечниот степен на звучен притисок во домашни услови“. рекол Мартин Решли, раководител при Одделението за експозиции и здравствена заштита во Швајцарија, и водечки автор на објавеното истражување. “Неверојатно, ефектите на бучавата беа независни од изложеноста на загадувањето на воздухот“, додава тој.

Текстот Загадувањето на воздухот и сообраќајната бучавата го зголемуваат ризикот од срцев удар е превземен од USB.mk.