Загадувањето придонесува за нови 3.2 милиони случаи на дијабетес секоја година

Загадувањето на воздухот во 2016.година придонесе за нови 3.2 милиони случаеви на дијабетес.

Честички исфрлени од автомобили, фабрики како и преку хемииски реакции во атмосферата го прават воздухот потежок за дишење.

Ова загадување веќе е поврзано со болести на срцето како и дијабетес, но новото истражување за првпат покажува колку точно луѓе се жртви на ова.

Низ целиот свет загадениот воздух е одговорен за 14% од новите случаеви на заболени од дијабетeс. Фактори како генетика, тежина, активност и исхрана исто така го зголемуваат ризикот за болеста која експоненцијално се зголемува низ целиот свет.

Според Светската Здраствена Организација во 1980. година имало само 108 милиони заболени со дијабетeс тип 2 додека сега се претпоставува дека има повеќе од 422 милиони.

Процентот не е ист низ целиот свет, земји со повисок степен на загаденост (Пакистан, Индија, Кина) имаат повисока стапка на заболени од дијабетeс.

The post Загадувањето придонесува за нови 3.2 милиони случаи на дијабетес секоја година appeared first on USB.mk.