20.000 Хрвати се во Стокхолм за финалето на ЕП – Арената собира само 19.000 гледачи

Иако арената во Стокхолм, каде што ќе се игра финалето на ЕП во ракомет има капацитет од 19.000 гледачи, повеќе од 20.000 Хрвати до денеска стигнаа во Шведска, пишуваат хрватските медиуми. Селекцијата на Лино Червар во финалето ќе игра против актуелните европски шампиони, ракометарите на Шпанија.

„Одиме да го земеме златото. Не им ни кажавме на жените каде одиме, ќе се вратиме со златниот пехар“, се дел од коментарите на Хрватите, кои биле на аеродромот во Загреб.

Во Стокхолм стигнаа фанови од Истра, Далмација, Загорје, пишуваат медиумите.

„Јасно ни е дека Хрватска ќе игра како да е дома, нивните навивачи сигурно ќе пристигнат во голем број“, изјави пред финалето Жодри Рибера, селекторот на ракометната репрезентација на Шпанија.

Игор Карачиќ: Брат ми ми е најтешкиот противник

Текстот 20.000 Хрвати се во Стокхолм за финалето на ЕП – Арената собира само 19.000 гледачи е превземен од Reporter.mk.