7,5 милиони литри пиво испиени на „Октоберфест“ во Минхен

Најголемиот фестивал на пивото во светот, „Октоберфест“ што се одржува во Минхен, Германија го посетиле рекордни 6.300.000 посетители од целиот свет. Во првичниот извештај се вели дека во изминатите 16 дена, колку што траеше фестивалот, се испиле 7,5 милиони литри пиво, се изеле околу 200.000 колбасици, околу 80.000 коленици и околу 460.000 пилиња. Најмногу посетители биле од САД.

Организаторите изјавија дека и покрај огромниот број посетители, немало никакви безбедносни проблеми и дека секој гостин бил прегледан на влезот. Тие додале дека следниот „Октоберфест“ исто така ќе трае 16 дена и дека ќе почне на 21 септември 2019 година.

Текстот 7,5 милиони литри пиво испиени на „Октоберфест“ во Минхен е превземен од Reporter.mk.