Адел: Следното момче мора да биде Американец

Светската пејачка Адел на своите пријатели им открила дека нејзиниото идно момче мора да биде Американец. Адел по разделбата со нејзиниот сопруг Симон Конецки, на пријателите им кажала дека не сака да се навраќа на минатото и дека е подготвена повторно да излегува со нови момчиња, пишува британски „Сан“.

Британскиот медиум пишува дека пејачката веќе изразила интерес за одредени момчиња, кои воглавно биле Американци. Нејзин близок пријател открива дека Адел е возбудена што сега може поотворено да разговара со други мажи и дека веќе изразила особен интерес за некои од нив.

Изворот исто така открива дека Адел била привлечна за повеќето момчиња и дека прифатила дека со Симон е завршено засекогаш. Дека нема враќање во минатото. Таа ги замолила своите пријатели да внимаваат на нејзините потенцијални нови романси. Адел не сака да брза и како што тврди изворот, пребрзо да влезе во нова романса.

Таа доста време поминала во Лос Анџелес додека Симон останал во Велика Британија. Светските медиуми пишуваат дека пејачката на својот четврт албум, кој го работи во Њујорк, најверојатно ќе пее за својот пропаднат тригодишен брак.

Документите покажуваат дека Адел во февруари го продала нивниот дом во Велика Британија. Пејачката има вила и во Беверли Хилс, куќа во Кенсингтон во центарот на Лондон и стан во југозападен Лондон. Таа со сопругот Симон се запознала преку нејзиниот пријател и колега Ед Ширан.

Двојката за прв пат била забележана заедно во јануари 2012 година. Во врска биле седум години, а во брак три години. Се венчале во тајност во 2016 година. Синот Ангел го добиле во 2012 година, а во соопштението кое го испратиле до јавноста, напишале дека ќе го одгледуваат во љубов и мир.

 

Британската пејачка во интервју за Vanity Fair изјавила дека по раѓањето на синот, таа се борела со постпородилна депресија и дека како мала, одела на психотерапија.

Адел е меѓу најпопуларните пејачки во светот. Пејачката издала три студиски албуми, две цедиња и еден концертен албум. Добитничка е на десет Греми награди, четири Брит награди, Американски Музички награди, Златен Глобус и Оскар.

Нејзиниот втор албум под името 21 е четвртиот најпродаван британски албум и добил дури шест Греми награди во 2012 година, меѓу кои и наградата за албум на годината. Неодамна Адел најави дека ќе снима нов албум.

 

Текстот Адел: Следното момче мора да биде Американец е превземен од Reporter.mk.