Американка дипломирала на 84 години

Американката Џенет Фејн дипломирала на 84 годишна возраст на Универзитет во Тексас во Далас. Џенет се запишала на студии набрзо по нејзиното пензионирање во 2012 година.

Нејзиниот сон да заврши факултетот го имала уште пред шест децении. Но, неможноста да го оствари се должело на преголемите обврски кои ги имала околу семејство.

Џенет рано се венчала на својата 18 годишна возраст. Имала пет деца, а вели дека морала да менува повеќе работи за да може да ги издржува.

„Кога се пензионирав немав што да правам. Играњето „Бинго“ не ме исполнуваше“, изјавила Фејн, која завршила социологија, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.

Џенет вели дека уживала додека читала и пишувала трудови. Веќе имала познавања во областа за која студирала, но научила и нешто ново.

Фејн ја искористила државната програма во Тексас, која на сите постари од 65 години им овозможува бесплатно студирање на јавните универзитети.

Професорката по социологија на Универзитетот во Тексас, Керол Ленам вели дека присуството на Џенет на предавањата г направила многу поинтересни за неа и останатите студенти.

„Беше многу интересно. И за мене и за останатите студенти. Таа го памти времето за кое ние зборувавме на предавањата и секогаш имаше коментар“, изјавила Ленам.

Според податоците од Нацоналниот центар за статистика, од 20 милиони студенти во САД колку што студираат во моментов, околу 67.000 се постари од 65 години.

Фејн откако се омажила на 18 годишна возраст, не работела. За да ги одгледа петте деца, менувала повеќе работи. Во последните 20 години од нејзиниот работен век, работела како секретарка во Ортопедска болница во Далас.

Текстот Американка дипломирала на 84 години е превземен од Reporter.mk.