Анимираната серија „Ракуни“ се враќа на ТВ екраните

Живееме во втората деценија од новиот век, кога разни филмски преработки стигнуваат на телевизиските екрани и во кината. Добар дел од тие преработки всушност претставуваат само лов по пари. Сепак приказната за враќањето на детската анимирана серија „Ракуни“ на малите екрани е малку поинаква.

Во прашање е серијата која беше популарна на крајот на 80-те и на почетокот на 90-те години. Во таа серија, ракуните Беро, Руди и Марија беа чувари на шумата во која живеат. Се обидуваат да ја заштитат од злото на индустријалецот Ќирил Стписа и неговиот син Чедомир.

Анимираната серија ја немаше неколку децении, а сега канадската аниматорска компанија „Big Jump“, реши повторно да ги врати на малите екрани.

Ракуните ќе бидат предводени од истите ликови, со најверојатно истите теми. Денес темите за околината се релевантни од кога било претходно. Многу веројатно е дека ќе има теми и од областа на политиката.

Според првичните објави серијата и понатаму ќе има краткометражни епизоди. Алекс Галатис, Марк Едвардс, Кори Морисон и Карен Свердфегер се одговорни за развојот, а новите „Ракуни“ се очекува да излезат во текот на 2019 година.

Текстот Анимираната серија „Ракуни“ се враќа на ТВ екраните е превземен од Reporter.mk.