Анкета на Англичаните: Каде се наоѓа Хрватска?

Полуфиналната пресметка меѓу Хрватска и Англија предизвикала голем интерес на британските медиуми за селекцијата на „коцкастите“ која на овој мундијал направи сензација.

Но, до средбата на овие две селекции повеќето Англичани не знаеле каде се наоѓа Хрватска.

Радио Би-Би-Си, осмисли анкета во која ги прашал граѓаните дали можат на мапата да им покажат каде се наоѓа оваа земја.

Граѓаните ги замолиле да им покажат од каде доаѓа нивниот противник во полуфиналето на Мундијалот. Резултатот бил целосно разочарувачки.

И додека повеќето Хрвати на картата веднаш покажале каде се наоѓа Англија, Англичаните, со препознавањето на Хрватска на картата имале доста проблеми.

Првата жена која ја прашале одговорила точно, а во својот одговор била поприлично сигурна затоа што знаела дека Хрватска има долг брег. Но, другите анкетирани самоуверено покажале на Словенија.

Третата која одговорила на прашањето рекла дека донела „групна одлука“ со останатите други пријатели, дека Хрватска има долг брег.

Четвртиот покажал на Албанија, а петтиот не бил 100% сигурен.