Иако модната недела во Њујорк е завршена, сепак некои од најголемите трендови кои можеа да се видат на модната писта сега се хит и на улиците на овој град. Ова се четири асесоари кои можете да ги носите оваа, но и наредната сезона и со нив да ги разубавите вашите омилени комбинации.
Чизми до колена
Класичните чизми до колена се помалку впечатливи од оние модели кои преоѓаат преку колената и одат до половина бут, но сепак имаат некоја посебна шик нота на која не можеме да ѝ одолееме. Нашиот омилен начин на стилизирање е со миди фустан или омилениот пар фармерки.
Едноставни кожени торби
Торбите со многу бисери, перја и впечатливи детали засекогаш ќе заземаат посебно место во нашата гардероба, но понекогаш ни е доволно торбата да биде во минималистички стил – што оваа есен е голем хит.
Мрежести потпетици на Ботега Венета
Новите потпетици од мрежест материјал со златно ланче кое ја разбива монотонија на еднобојниот модел доминираа на уличниот стил кај трендсетерките. Иако се идеални само за потоплиот период, иако може да се носат и со интересни чорапи, овие чевли се апсолутно парче кое мора да го имате.
Очила за сонце со нормална големина
Повеќето очила за сонце оваа сезона се со нормална големина, а не предимензионани модели кои го „сокриваат“ половина лице. Не премногу мали како препознатливите „Матрикс“, но не и преголеми очила со средна големина и интересни дизајни кои се одлични за првите есенски денови.
Текстот Асесоари од њујоршката модна недела кои се хит оваа есен е превземен од Reporter.mk.