Астронаут од Меѓународната вселенска станица настапи на концерт на Крафтверк

Германскиот астронаут Александер Герст синоќа „упаднал“ на концертот на Крафтверк.

Герст се снимал од Меѓународната вселенска станица (МСС), а Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска на интернет ја постави видео снимката на која се гледа како астронаутот настапува заедно со Крафтверк.

Герст користел таблет со виртуелен синтисајзер. Тој заедно со Крафтверк, ја изведе песната од 1978 година „Вселенска лабораторија“ (Spacelab).

Претходно ваков сличен пофат изведе и канадскиот астронаут Крис Хедфилд во 2013 година. Крис снимил кавер верзија на „Вселенска одисеја“ на Дејвид Боуви и свирел дует со групата Бернејкид Лијдиз, додека бил 400 километри над Земјата.

Текстот Астронаут од Меѓународната вселенска станица настапи на концерт на Крафтверк е превземен од Reporter.mk.