Астронаутите одговараат од што најмногу се плашат во вселената

Космонаутите најмногу се плашат дека планираниот лет во орбитата не се изврши по планираниот тек. Ова го изјавил рускиот космонаут Сергеј Прокопјев од Меѓународната вселенска станица, за време на видео-преносот во рамки на форумот „Наука 0+“.

„Тоа од што космонаутите и астронаутите најмногу се плашат е лансирањето да пропадне. Тие размислуваат за целиот план мине успешно“, додал Прокопјев.

„Залихите со храна, гориво, кослород и вода на Меѓународната вселенска станица се доволни за работните експедиции се до летот кој треба да се изврши следната година“, изјавил првиот заменик генерален конструктор на компанијата „Енергија“ и директор на летовите Владимир Словјов.

„На МКС има доволно резерви кои обезбедуваат услови. Проценуваме дека има резерви за половина година, до следното лето, па дури и подолго. Резервите се: залихи со гориво, кислород, вода, производи“, изјавил Владимир на форум кој се одржал на државниот универзитет во Москва.

Во четвртокот на 11 октомври се случи несреќа, прва во историјата на современа Русија. Ракетата-носач „Сојуз Ф-Г“ не успеа да го лансира во орбитата вселенскиот брод „Сојуз МС-10“, со екипажот MKS, но астронаутите успеаа да се евакуираат во капсулата за спасување на Земјата. Членовите на мисијата MSS-57/58, Русинот Алексеј Овчинјин и Американецот Ник Хејг не се повредени.

Текстот Астронаутите одговараат од што најмногу се плашат во вселената е превземен од Reporter.mk.