Астрономите првпат ќе го истражуваат целото небо во потрага по вонземјани

Астрономите првпат ќе го опфатат целото небо во досега најголемата потрага по вонземски живот. Тие ќе користат 28 огромни радиотелескопи. Проектот е соработка на приватно финансираниот институт „Сети“ и опсерваторијата Вери ларџ ареј (ВЛА) во Ново Мексико, која е една од најмоќните на светот.

ВЛА ќе продолжи со своите вообичаени астрономски активности, но сега сите податоци ќе поминуваат низ суперкомпјутер на „Сети“, кој ќе бара кратки сигнали, тонови и други звуци на можни далечни технологии.

„ВЛА се користи за истражување на целото небо и сега ние се придружуваме на таа потрага. Ова ќе овозможи паралелно испитување во нашиот институт. Прашањето дали сме сами во вселената е едно од најпривлечните во науката и телескопите на ВЛА можат да имаат клучна улога во потрага по одговорот“, вели Ендрју Симион, директорот на „Сети“.

Шефот на ВЛА, Тони Бизли, вели дека потрагата по интелигентен живот во универзумот треба да се сфати посериозно, имајќи предвид дека оваа област со децении не добиваше поголема поддршка од владите.

 

Текстот Астрономите првпат ќе го истражуваат целото небо во потрага по вонземјани е превземен од Reporter.mk.