Автомобилски компании од ЕУ ја оспорија регистрацијата на лимузината Aurus

Компаниите „Тојота“, „Ламбурџини“ и „Мишелин“ во Канцеларијата на европски сојуз за интелектуално сопствеништво (EUIPO) ја оспориле пријавата за регистрација на брендот Aururs (првиот руски производител на делукс автомобили), пренесуваат светските медиуми.

Производителите на автомобили сметаат дека Aurus многу наликува на нивните автомобили: компактниот хеџбек „Тојота аурис“ и кросовер делуксот класа „Ламбурџини Урус“. Од компаниите навестуваат дека многу потсетува и на подбрендот на производители на гуми „Мишелин“: „Таурус“.

„Потрошувачите генерално се ориентираат кон почетниот дел на името, поради системот на читање од десно кон лево. Разликата од едната буква доведува до тоа да се игнорира и така незначителната разлика меѓу двата знаци“, објаснил претставникот на компанијата „Тојота“ адвокатот Кристијан Томас во своето обраќање пред EUIPO.

Слични протести упатиле и од компаниите „Ламбурџини“ и „Мишелин“. Руското Министерството за индустрија и трговија кое е надлежно за проектот „Aurus“ соопштиле дека во врска со спорот околу патентот, не гледаат никаков проблем. Министерството соопштило дека во јануари 2019 година, брендот бил регистриран во Белгија, Холандија и Луксембург, а во март во Летонија и Литванија.

Но, регистрацијата во патентните агенции во земјите на Бенелукс, Литванија и Летонија, овозможува користење на ознаките на брендот само на нивната територија.

Извор близок до автомобилскиот институт NAMI, кој работел на проектот Aurus, изјавил дека поради ситуацијата со пријавата за кражба на патентиран бренд, можноста за продажба на автомобилите Aurus во Европа, е ставена под знак прашалник.

Семејството автомобили на делукс класата Aurus ја проектирал институтот NAMI. Сите возила се засновани на иста модуларна платформа, која во текот на реализацијата на проектот го добиле името „Kortez“.

Работата на автомобилот почнала во 2013 година. Во линијата на брендови претставени се „Сенат-лимузина“, „седан-Сенат“ и минивен „Арсенал“.

Планирано е и производство на мотоцикли, кросовери и кабриолети. Изворот на автомобили е планиран за 2021 година. Лимузината Aurus прва ја испроба претседателот на Русија Владимир Путин. Шефот на руската држава во новиот автомобил стигнал на церемонијата на инаугурација на 7 мај 2018 година.

Текстот Автомобилски компании од ЕУ ја оспорија регистрацијата на лимузината Aurus е превземен од Reporter.mk.