Белград доби „холивудска“ патека на ѕвездите

На плоштадот Славија во Белград беше отворена „Патека на ѕвездите“, во стилот на „Холивудскиот булевар на славните“. Патеката е направена во чест на актерските легенди на југословенската и српската кинематографија. Ѕвездите на петнаесет познати имиња, меѓу кои и Бата Живојиновиќ, Данило Бата Стојковиќ, Ружица Сокиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Соња Савиќ, Бора Тодоровиќ, Мира Ступица се најдоа на едно од главните платоа во градот.

На вториот дел од платото се наоѓа Плоштадот на љубовта, посветен на актерската двојка – Милена Дравиќ и Драган Николиќ. Опкружени со метални срца, прегрнати, речиси во природна големина ги чекаат заљубените сограѓани и гостите на Белград да закачат клуч или катанец на виолетовата конструкција, како симбол на вечна љубов.

На плоштадот е поставен автобус брендиран со лица од југословенската и српската кинематографија, како и ѕид со реплики, на кој посетителите ќе ги напишат своите коментари и речениците по кои паметат своите омилени херои.

Текстот Белград доби „холивудска“ патека на ѕвездите е превземен од Reporter.mk.