Бесплатен концерт на „Бијело дугме“ во Скопје

Легендарниот бенд „Бијело дугме“ ќе одржи бесплатен концерт на плоштадот Македонија во Скопје на 17 ноември. „Бијело дугме“ пред македонската публика ќе ги испеат своите најголеми хитови: „Ружица си била“, „А ти ме изневјери“, „Не рачунај на мене“, „Липе цвату“, „Југославијо“, „Ако има бога и други“…

За потсетување, бендот што Бреговиќ го формираше во 1974 година постоеше до 1989 година и тие снимија девет албуми. Прв пејач беше Жељко Бебек, а него го замени Тифа Војиќ. По него како пејач на „Дугме“ дојде Ален Исламовиќ.

Во 2005 година Бреговиќ и сите поранешни пејачи на групата повторно се собраа заедно и тие често одржуваат концерти во земјите на поранешна Југославија, но и секаде во светот. Во моментов тие се на турнеја во Канада.

Текстот Бесплатен концерт на „Бијело дугме“ во Скопје е превземен од Reporter.mk.