Бил Гејтс објаснува како човек може да живее со два долари на ден

Иако има пари и повеќе од што може да си дозволи, Бил Гејтс е човек кој се обидува на сите да им објасни како можат да живеат со само два долари на ден.

Еден од најбогатите луѓе на планетата, и еден од водечките светски филантропи, поминал доста време работејќи и помагајќи на најсиромашните во Африка. Вели дека го знае најдобриот начин како може да се живее со два долари.

Во текстот кој го објавил на својот сајт, Гејтс понудил некои трикови, со чија помош може да живеете само со два долари на ден.

„Јас би одгледувал птици“, порачува Гејтс, а потоа ја објаснил својата одлука.

„Многу е лесно да се одгледуваат птици. Истовремено тие помагаат во одржувањето на здравјето на децата, затоа што се непроценлив извор на храна. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетост, а исто така постои можност да се продадат пилињата, а потоа со тие пари да купите храна. На крајот излегува дека пилињата се добра инвестиција“, вели Бил Гејтс кој објаснува да докаже дека тој е еден од најдобрите претприемачи на светот.

„Да претпоставиме дека фармерот почнува со пет кокошки. Еден од соседите има пилиња кои можат да помогнат да се добијат јајца од кокошки. По три месеци, фармерот може да има 40 пилиња. На крајот со продажна цена од пет долари по пиле, што е типично во Африка, може да заработите преку 1000 долари годишно“, објаснува Гејтс.

Бил Гејтс è еден од најбогатите луѓе на светот чие богатство се проценува на 74,9 милијарди долари.

 

Текстот Бил Гејтс објаснува како човек може да живее со два долари на ден е превземен од Reporter.mk.