Боби од Куманово ја остави мигрантката Нора оти родила болно дете

Кога пред две години беше објавена приказната за граничниот полицаец Боби Додевски од Куманово и мигрантката Нора од Ирак, речиси немаше некој кој не веруваше во тоа дека нивната  љубовна прикзана е како од романите. За нив пишуваше целиот регион. Новинарски текстови, интервјуа за нив, за љубовата која се случила на Табановце, во транзит центарот,за тоа дека Нора од муслиманка стана православна, иако родителите не го одобруваа тоа. Прикзна за која долго се зборуваше.

Сепак, на љубовта и дојде крајот. Партот се раздели, а пред само една година им се роди синот. Нора заминала за Ирак, Боби е тука во Куманово.

„Со Нора не сме заедно веќе една година. Таа се врати во Ирак. Јас сум тука . Толку ќе кажам. Ние ги знаеме причините и остануваат такви кави што се “, изјавил Боби  Според кажувањата, причината била нивното болно дете.

„Од Македонија  си замина Нора Аркавази, бегалка од Ирак која се обиде да биде среќна овде. Таа дојде во март 2015 година дента кога ЕУ ги затвори границите и во кампот Табановце го запозна полицаецот кој, постар од неа скоро 15 – 16 години, ја остава во Македонија ветувајќи и брда и долини. Нора се вереше, а родителите поради одлуката за промена на вера се откажува од неа. Таа остана  бремена и на денот на раѓањето на детето  и се сруши светот затоа што докторите дијагностицираат хидроенцефалит. Полицаецот ја принудуваше да го остават детето во дом, и накратко потоа тој ја остави. Нора талкаше по туѓи домови и еден ден со торбичка во раце дојде во кампот за да побара да се врати дома. Без пари и заглавена во земјава таа се врати онаму каде што промена на вера значи 99% смрт“, раскажуваат оние кои ја познаваат.

Пред заминувањето, Нора за јавноста изјави дека причината поради која се враќа во Ирак е што состојбата таму сега била побезбедна, и таа сакала да им помага на беглаците во нејзината земја.

За потсетување, Нора Ирак го напуштила со семејството бидејќи ИСИС го зел нејзиниот татко и морале да платат многу пари за да биде ослободен. Исплашени од состојбата во нивната земја, тргнале за Германија. Но, во транзитниот центар Табановце го запознала Боби, во кого за кратко време се вљубила. Набргу потоа тие направија свадба, а Нора стана православна.

 

 

Текстот Боби од Куманово ја остави мигрантката Нора оти родила болно дете е превземен од Reporter.mk.