Боксер ја убил девојката, па објавил на Твитер

Турскиот боксер Селим Ахмет Кемалоглу ја убил својата девојка Зејнеп Сенпанар, а тоа го објавил и на „Твитер“. „Однесе два живота, очите сега ти се просветлени“, напишал тој. Според локалните медиуми, тој ја убил утрото на Рамазан, а убиството го извршил со нож со кој потоа се повредил и самиот. Боксерот е во болница и под полициски надзор.

Според медиумите, Селим и Зејнеп, кои живееле заедно, утрото почнале расправија, која набргу потоа станала насилна. Селим ја прободел девојката во градите со нож, па ги повикал службите за итни случаи и пријавил сè. Откако ја убил девојката, тој го објавил убиството на „Твитер.“

Љубовната врска помеѓу 27-годишниот боксер и две години помладата Зејнеп, траела долго. Но во јавноста се појави преписка преку апликацијата „Ватсап“ каде што девојката му открива не еден од нејзините пријатели дека „повеќе од еден месец не е во врска со Ахмет“.

Текстот Боксер ја убил девојката, па објавил на Твитер е превземен од Reporter.mk.