Босанец продава „југо“ за секс

Босанец од Бања Лука преку оглас го продава својот автомобил „југо 45“. За да ја продаде колата тој направил интересна реклама. Колата ја обложил со алуминиумска фолија и во огласот напишал дека купувачот може да ја користи за прељуби, оти заради фолиите југото е невидливо. На колата ставил и домашна антена, залепил лепенка „НАСА“ и напишал дека со „југото вселенски воин“ новиот сопственик ќе може да се бори против вонземјани.

 

„Возилото е изработено како лимитирана серија специјализирани борбени возила за борба против непознати објекти од вселената. Возилото располага со 1066 кс, забрзување од 0-1000 = 15,6 с, максимална брзина = непозната. Од опрема поседува: десен ретровизор, резервно тркало, амбиентално осветлување, ауспух, пакет опрема за полиција, карта на светот, радио, чип тјунинг, вградени мапи во главниот компјутер“, стои во огласот оставен на босански портал.

Сопственикот вели дека југото има и посебна опрема за вселената: сателитски комуникатор кој може да лоцира повеќе објекти истовремено на различна оддалеченост (во светлосни години), обложен е со фолија која штити од вонземски ласери, а невидлив е за сите НЛО радарски системи. Со автомобилот сопственикот нуди и вселенски костими.

 

„Југото“ се продава за 500 евра.

 

Текстот Босанец продава „југо“ за секс е превземен од Reporter.mk.