Братот на Ники Минаж осуден на 25 затвор за силување

Јелани Марај, братот на раперката Ники Минаж, е осуден на 25 години затвор за силување малолетна девојка. Се работи за неговата поќерка, која тогаш имала 11 години, а Јелани ја силувал додека нејзината мајка била на работа. Освен 25 години затвор, тој добил и дополнителна казна за загрозување на дете, во траење од 364 дена. Јелани е прогласен за виновен поради „предаторски сексуален напад на дете“.

Жртвата, која денес има 14 години, на судењето сведочела дека братот на Минаж ја силувал четири пати неделно, а понекогаш и двапати дневно. Таа на судијата му рекла и дека поради тоа размислувала да се самоубие.

„Мислев дека нема да можам да издржам повеќе ниту еден ден. Се чувствував дека никој не сака да ме слушне“, раскажала таа. Додала и дека не се осмелила да каже ништо бидејќи Марај ѝ се заканувал дека ќе ја истепа мајка ѝ и никој нема да ѝ верува. Сè се дознало кога нејзиниот брат пријавил во училиштето дека го видел Марај како ја допира неговата сестра. Тој бил уапсен во 2015 година.

Марај на судот упорно тврдел дека е невин, но признал дека имал проблеми со алкохолот. И неговата славна сестра преку писмо го молела судот да ја ублажи казната. Во писмото Ники навела дека нејзиниот брат е „најтрпеливиот, најнежниот, најискрениот и најнесебичниот маж што го познава“.

Текстот Братот на Ники Минаж осуден на 25 затвор за силување е превземен од Reporter.mk.