Британските научници откриваат: Колку дена требаат за одмор по одморот

Едно британско истражување покажaло дека по летниот одмор секому му требаат уште три дена за да се врати во нормала и на секојдневните работни обврски, пишува „Дејли мејл“. Многумина и по враќање од годишниот одмор се чувствуваат уморни, бидејќи враќањето на секојдневните обврски не им е лесно.

Во истражувањето во Велика Британија биле анкетирани 2000 луѓе кои штотуку се вратиле од одмор. Анкетата покажала дека утринските обврски се најтежок дел при враќањето во рутина. Третина одговориле дека им е тешко да се навикнат на климатските разлики, а поголемиот број изјавиле дека се чувствуваат анксиозно откако дошле на работа. Исто така, повеќе од 15% откриле дека не се радуваат што ќе се вратат дома затоа што таму повторно ќе ги чекаат домашните обврски.

Истражувањето открило дека се потребни две ноќи, односно три дена за биоритамот да се врати во нормала.

Освен тоа, барем првите два дена од одморот луѓето сè уште размислуваат за работа, а тоа дополнително им го нарушува одморот. Многу Британци признале дека чувствувале притисок поради тоа што одморот ќе им заврши, уште пред воопшто да тргнат на работа.

Текстот Британските научници откриваат: Колку дена требаат за одмор по одморот е превземен од Reporter.mk.