Британските ученици од сега ќе носат сукњи

Учениците во Британија од сега во училиште ќе одат со сукњи. Вавквата одлука била донесена од школските управи, со цел трансродните ученици да не се се чувствуваат обесправени.  Според Законот за еднаквост, школите имаат обврска да ги заштитат трансродните ученици од дискриминација.

Школите ја воведоа новата политика, откако владината организација, „Офстед“, задолжена за одржување на образовните стандарди, утврдила дека униформната политика на школoто Chiltern Edge била неадекватна.

Воведувањето на новата политика дошла, откако школото било обележано како „проблематично“ од страна на невладината организација.

Директорката на школото Моира Грин изјавила дека со поддршка на родителите, управата во школото донела одлука да се воведе нова формална облека. Од управата на школото Maiden Erleght Trust исто така се подготвуваат од септември годинава да ја следат ваквата политика на облекување.

На родителите на хетеросексуалните ученици, им било соопшто дека, ако сметаат дека нивните деца би се чувствувале незгодно во сукња, во тој случај може да носат сако и панталони.

Децата не смеат да носат кратки панталони, затоа што тие не се дел од школската униформа. Ова го добил како одговор еден од родителите кои прашал за промените на дрес-кодот низ британските школи.

Засега од владината организација Офстед немаат одговор дали новиот дрес код кој се воведува низ школите низ Британија ќе важи и за спортистите.

 

 

 

Текстот Британските ученици од сега ќе носат сукњи е превземен од Reporter.mk.