Бугарски стјуард открива како Матераци го испровоцирал Зидан

Во текот на второто продолжение, поточно во 109 минута, Зидан го удри Матераци со глава во градите и заработи црвен кратон, а овој момент се смета за најголемиот скандал на Светските првенства.

Зинедин Зидан и Марко Матераци успеаа да постигнат по еден гол.

Скандалот меѓу овие двајца го одбележа мечот во кој „Аѕурите“ славеа по изведувањето на пеналите со 5:3. Во второто продолжение, поточно во 109 минута, Зидан го удира Матераци со глава во градите и заработува црвен картон.

Запрашан по тој дуел да изјави како бил испровоциран од Матераци, Зидан само изјавил дека тоа е од лична природа и се однесува на неговата мајка и сестра.

„Ги изговори тие зборови кои се многу тешки и ги повторуваше. Тоа ќе го кажете еднаш и се обидувате да се тргнете. Тоа и го направв. Тогаш ќе слушнете уште еднаш, втор пат, трет пат…“, изјавил Зидан по финалниот меч.

Иако се чинело дека двајцата фудбалери никогаш нема да се смират, сепак тоа се случи. Четири години подоцна, во пресрет на мечот меѓу Милан и Реал Мадрид, двајцата фудбалери случајно се сретнале на паркинг пред еден хотел во Милано и во тој момент се гушнале.

„Зинедин бил со неговиот брат и некои пријатели. Јас во тој хотел бев со мојот најдобар пријател, а бев таму поради Жозе Мурињо, кој пак беше таму поради Реал Мадрид. Налетавме еден на друг, сосема случајно. Му реков дека ми беше жал поради се што се случи и дека за мене тоа е минато. Тој ми рече дека тоа за него повеќе не е проблем, да не се грижам, а потоа се ракувавме и се прегрнавме. Тука заврши се“, изјавил Матераци.

Но, тоа што е интересно е тоа што Матераци во прв момент не успеал да го препознае најдобриот фудбалер на сите времиња.

БУГАРСКИ СТЈУАРД ЈА ОТКРИВА МИСТЕРИЈАТА

Бугарскиот стјуард Даниел Минков го открил тоа што Марко Матераци му го рекол на Зинедин Зидан, и со што го испровоцирал Французинот во финалето на Светското првенство во 2006 година.

Минков на летот Милано – Њујорк разговарал со Матераци, а тој разговор го прераскажал на бугарските медиуми.

„Интересно е дека никој во авионот не го препознал Матераци. Јас му пријдов и му реков: „Дај ми пет“, а тогаш го прашав што се случи меѓу него и Зидан“, ја почна својата приказна овој стјуард.

Познато е дека Зизу му рекол на италијанскиот репрезентативец дека по мечот ќе му го подари дресот, затоа што постојано го влечел за него.

„Матераци му рекол дека дознал дека сестрата на Зидан, Лили, невиноста и ја одзел него соиграч од Јувентус. Затоа Марко му рекол: „Повеќе би ја сакал твојата сестра него дресот. Би сакал да видам како твојата сестра се е**“, ја продолжил приказната Минков.

Разговорот во авионот завршил со зборовите на Матераци:

„Ако сакаш да дознаеш уште детали, купи ја мојата автобиографска книга“.