Четири сестри и нивни сопрузи загинаа во сообраќајка во Њујорк

Четири сестри и сопрузите на три од нив загинаа додека оделе да го прослават роденденот на најмладата, пренесува „Њујорк пост“. Тие се меѓу 20. загинати во сообраќајната несреќа што се случи вчера во државата Њујорк. Лимузина со 18 луѓе со голема брзина мина на крстосница по што удри во паркиран автомобил и потоа собра двајца пешаци кога излета од улицата. Двајцата пешаци загинаа, како и сите 18 патници во лимузината.

„Едната од нив само што се венча“, изјавила вујната на сестрите, Барбара Даглас за медиумите.

Нивниот брат, 35-годишниот Том Кинг, рекол дека четирите сестри биле прилично блиски. „Беа како четири мускетари. Ние сме единствените што останавме, а бевме седуммина. Пет сестри и двајца браќа“, кажал тој за медиумите.

Изнајмената лимузина, во која можеле да се сместат 18 патници и возач, преминала низ крстосница на која имало обврска за сопирање при брзина поголема од 80 километри на час. Четирите сестри биле на возраст меѓу 30 и 35 години.

Текстот Четири сестри и нивни сопрузи загинаа во сообраќајка во Њујорк е превземен од Reporter.mk.