Член на кабинетот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс има коронавирус

Член на кабинетот на потпретседателот на САД Мајк Пенс е позитивен на коронавирус, соопштија од Белата куќа. Кабинетот на Пенс бил известен за резултатите од тестот кој биле направени во петок вечерта, пренесува „Ројтерс“.

„Понатамошните контакти кои ги имале Пенс ги истражуваме во согласност со насоките од Центарот за контрола и превенција на болеста“, навела портпаролката на потпретседателот Кети Милер.

Пенс ја предводи групата на Белата куќа за борба против епидемијата на коронавирусот.

Текстот Член на кабинетот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс има коронавирус е превземен од Reporter.mk.