Човештвото нема план за одбрана од удар на Астероид

Човештвото во овој момент нема подготвено сценарио за одбрана од евентуален удар од голем астероид во Земјата, без разлика на бројните холивудски визуелни претпоставки кои само ги гледаме во изминатите 10 години.

Ова за „Танјуг“ го вели Бранко Симовиќ член на Астрономското друштво Руџер Бошковиќ. Тој нагласува дека речиси е невозможно да се контролира удар на голем астероид кој би дошол од космосот во правец на Земјата.

„Астероидите кои доаѓаат од правецот на Сонцето се практично невидливи. Еден пред неколку години паднал на тлото на Африка а е откриен рактично неколку часа пред да удри во Земјата. За среќа овој астероид не бил голем“, вели Симоновиќ и додал дека добрата вест е што голем број астероиди чиј пречник е поголем од километар се во радарот на научниците и засега нивните предвидени патишта не се насочени кон Земјината орбита.

Зачестените земјотреси, ударите од супер ураганите, вулканските ерупци, глобалното затоплување и дејството на Сонцето на животот на Земјата во изминатите 20 години, ја провоцираат фантазијата кај одреден број луѓе за катастрофични сценарија и уништувања на нашата планета или нашата цивилизација.

Симоновиќ вели дека е тешко да се зборува за јасни предвидувања за иднината на нашата планета.

„Постојат различни катастофични појави. Некои можат да го загрозат апсолутно животот на земјата, а неки сам да ја вратат цивилизацијата на некој понизок код, во кој, во тотално променети услови, луѓето практично би се вратиле на почетокот. Се разбира, катастрофичните појави можат да бидат земски и космични. За жал, луѓето имаат цел век зад себе во кој самите на катастрофален начин се однесуваат кон сопственото опкружување“, вели Симоновиќ.

Според зборовите на Симоновиќ, многу е тешко да се предвидат појавите како што се супервулканите, мини ледените доби или нуклеарните војни, кои радикално би можеле да ги променат условите на животот на земјата.

„Мораме да бидеме подготвени на секакви изненадувања, затоа што нас историјата на тоа не учи, а луѓето како цивилизација сеуште не стигнале до реалната можност да ги предвидат природните катастрофи, како што беше примерот со вулканската ерупција на вулканот Јелоустоун кој како последица придонесе за вулканска зима.

Таа вулканска зима би настанала поради густиот облак прашина кои би го попречил делувањето на Сонцето на нашата планета. Како последица на сето тоа би исчезнале бројни животински и билни видови и би се нарушил кревкиот баланс на екосистемот кој е воспоставен на Земјата“, објаснува Симоновиќ и додал дека научните анализи на глобалниот ризик немаат изразит егзактен карактер.

Како што вели, пренаселувањето на одредени делови на планетата, носи се поизвесни конфликти околу плитката вода, а заедно со глобалното затоплување претставуваат катастрофални ризици за нашата планета на која човекот може да влијае.

„Човештвото се однесува како домаќин кој стои во дводот и запрепастувачки констатира: „Куќата гори!“. Освен академските предупредувања на се потешката состојба во која нас не води процесот на глобално затоплување, луѓето речиси ништо конкретно не превземаат за да ги подобрат работите. Времето за акција беше вчера, затоа што глобалното затоплување е акумулативен процес кој не застанува. Кога самите ќе ја предизвикаме сушата со библиски размери или ледената доба ќе биде доцна за акција“, укажува Симоновиќ.

За него нема дилеми дека делувањето на Сонцето од астероидите, претставува најголемиот ризик за живот на Земјата од вселената.

„Сончевата активност е важна и многумина мислат дека таа е предвидлива, но реалноста е сосема поинаква. Сонцето е во стабилен период, но тоа и тогаш е во состојба да предизвика експлозија, која радикално би влијаела на животот на Земјта. Сонцето во 2019 година и 2020 година ќе има минимум на своите активности. Ваквите активности се менуваат во интервали кои траат 11 години“, вели Симоновиќ и додал дека во 17 век Европа била изложена на мини ледена доба поради недостигот на сончева активност.

„Такво нешто веројатно може да ни се повтори во годините пред нас, затоа што Сонцето во наредните две години ќе биде на минимум на своите активности. Така безначајната промена на Сонцето може да предизвика ефекти кои се радикални за животот на Земјата, но сега луѓето се подготвени за таквите предизвици“, вели Симоновиќ.

Текстот Човештвото нема план за одбрана од удар на Астероид е превземен од Reporter.mk.