Циклонот Силвија вечерва засилува, многу дожд и пад на температурите

Вистинска есен на стартот на летото најавуваат синоптичарите. Метеоролозите најавуваат дека циклонот Силвија ќе се интензивира, а првиот воден „бран“ можеме да го очекуваме уште вечерва, и тоа во западните и јужните краеви на земјата.

Во одредени делови се најавуваат 30 литри на квадрат и услови за порој и грмежи.

Поинтензивен дожд се очекува во вторник и среда кога се можни и 50 литри воден талог на метар квадратен.

И температурите ќе одат надолу. Минимумот се најавува кон средината на неделата кога во текот на денот нема да се регистрираат повеќе од 20 степени, додека минималните во некои делови од земјата ќе се спуштат и до 7 степени, а на планините и неколку степени подолу. Повисоки температури и разведрување можеме да очекуваме дури по крајот на викендот.