Дали Суад научи да скија? Вистинската приказна за видеото што го насмеа регионот

Откако снимката на која малиот Суад учи да скија и паѓа во шумата во која е „медо“ стана хит на интернет, корисниците на социјалните мрежи и понатаму го споделуваат видеото со прашања дали Суад научил да скија. Босанските медиуми ги најдоа двајцата другари, Дино Рамчиловиќ и Суад Табаковиќ, кои го снимија видеото, а кои ја раскажаа вистинската приказна за тоа како ја аправиле снимката што го насмеа регионот. Тие велат дека се одлични скијачи и дека решиле да направат видео за Инстаграм за да ги насмеат своите пријатели.

Го направивме за нашите следбеници на Инстаграм за да се насмееме, тоа ни беше единствената цел. Не ни помислувавме дека ќе стане хит за само неколку часа и дека ќе го објават многу медиуми од целиот регион“, рекол Дино, кој го глуми инструкторот во видеото.

Суад, пак, открил дека со Дино се долгогодишни пријатели. Тие заедно одат на планинарење, трчаат полумаратон, а преку зима често одат и на скијање.

„Неколку дена пред да го направиме видеото ни текна дека би било забавно да снимиме еден ваков клип во кој јас ќе глумам почетник во скијање, а Дино ќе ми биде учител. Верувале или не, самиот текст и движењата се апсолутно спонтани, клипот го снимивме од прва, а го гледавме десетина пати и не можевме да престанеме да се смееме, па дури потоа го објавивме на Инстаграм“, раскажал Суад.

Погледнете го видеото во кое Суад учи да скија:

(Видео) Нервозен татко учи син да скија, кутриот Суад од Босна

Текстот Дали Суад научи да скија? Вистинската приказна за видеото што го насмеа регионот е превземен од Reporter.mk.