Делфини ги заменија бродовите во Босфорот откако Истанбул е во карантин

Откако водениот сообраќај во Турција скоро и да не постои, а Истанбул е во карантин, делфините се приближија до брегот на градот. Не е невообичаено од градскиот кеј да се забележат делфини во далечината, но тие сега пливаат многу поблиску до брегот.

„Намалувањето на бродскиот сообраќај низ Босфорот има големо влијание вир оваа прмена. Тоа им овозможува на делфините да дојдат поблиску до брегот. Тие инаку не се плашат толку од бродовите колку што се плашат од луѓето“, рекол Ерол Оркџу, претседателот на Риболовната асоцијација на Истанбул.

Во нормални услови, Босфор е една од најпрометните морски маршрути на светот. Огромни танкери, траекти и товарни и патнички бродови поминуваат низ теснецот 24 часа на ден. Сега кога нема толку сообраќај и бучава, а и рибарите се принудени да седат дома откако Истанбул повторно беше ставен во карантин, делфините уживаат во слободата во теснецот.

 

Текстот Делфини ги заменија бродовите во Босфорот откако Истанбул е во карантин е превземен од Reporter.mk.