„Ден на младоста“ во Кумровец собра 15.000, рекорд за роденденот на Тито

Одбележувањето  „Ден на младота-ден на радоста“  за роденденот на Јосип Броз Тито, вчера во петнаесетти пат се одржа во неговиот роден Кумровец, Хрватско Загорје, кога се собраа рекордни 15.000 луѓе, а во претходните години биле по околу 10.000, пишуваат хрватските медиуми.

Ги имаше од сите краишта на Хрватска, но и од некогашните југословенски републики, а најмногу од Словенија и од Босна и Херцеговина. Како и во претходните години, на собирот беше забрането носење на знамето на Југославија и на ознаки на ЈНА, а сите останати симболи од времето на СФРЈ, вклучувајќи ја и хрватската тробојка со петокрака, слободно можеа да се истакнуваат. Сепак, имаше посетители што го носеа и знамето на СФРЈ, а полицијата мирно ги набљудуваше, пишува  „Јутарњи лист“.

Организаторите од хрватското здружение „Јосип Броз Тито“ посебно го поздравија присуството на некогашниот хрватски претседател Стипе Месиќ.

Вчера 25 мај, Титовиот роденден и некогашниот Ден на младоста, беше одбележан и на повеќе други места низ некогашна СФРЈ, како и на гробот на некогашниот југословенски претседател во „Куќата на цвеќето“ во Белград, која од смртта на Тито во 1980 година, досега ја посетиле околу 17 милиони луѓе.

Текстот „Ден на младоста“ во Кумровец собра 15.000, рекорд за роденденот на Тито е превземен од Reporter.mk.