Денес ќе бидат објавени номинациите за Оскар, „Медена земја“ е кандидат во две категории

Денес во Лос Анџелес, во 14:30 часот, ќе бидат објават номинациите за Оскарите во 24 категории. Македонскиот документарен филм „Медена земја“, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е во потесниот избор за номинација во две категории: за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Преносот на номинациите ќе се емитува преку www.oscar.go.com, но и на профилите на Академијата на „Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутјуб“. Имињата на номинираните, во име на американската Академија за филмска уметност и наука ќе ги презентираат актерите Џон Чо и Ајса Рае.

По победата на американскиот фестивал „Санденс“ лани, „Медена земја“ освои голем број награди, номинaција за европски Оскар, а имаше и одлични критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.

Авторите на „Медена земја“

„Пред дождот“ на Милчо Манчевски е единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар, во 1995 година. Претходно, во 1980 како југословенски кандидат номинација за Оскар имаше добиено краткиот документарец „Дае“ на Столе Попов.

92. доделување на престижните Оскари е закажано на 9 февруари во театарот Долби во Холивуд. Втора година по ред, церемонијата на доделување Оскари нема да има водител. Церемонијата телевизиски ќе се пренесува во повеќе од 225 земји низ светот.

 

Текстот Денес ќе бидат објавени номинациите за Оскар, „Медена земја“ е кандидат во две категории е превземен од Reporter.mk.