Дипломираше синот на Мајкл Џексон

Принц, синот на Мајкл Џексон, дипломираше на универзитетот „Лојола Меримаунт“ во Лос Анџелес. Тој заврши колеџ на отсекот бизнис-администрација. 22-годишниот Принц се запиша на факултетот во 2015 година, иако претходно студираше на престижниот колеџ „Баркли“.  Со Принц во истата класа дипломираше и неговата девојка, Моли.

Со баба му Кетрин Џексон

Дека дипломирал, Принц се пофали на „Инстаграм“, па откри дека на церемонијата на доделување на дипломите дошол со мотор. Со него беа и членовите на семејството Џексон, баба му Кетрин и чичко му Ти-Џеј.

Принц и Ти-Џеј

Принц е најстарото дете на на Деби Роу и на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година на 50-годишна возраст.

Со девојката Моли

Текстот Дипломираше синот на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.