Дизајнер од Кина креирал одело за заштита од корона вирус

Кина сега е изолирана од целиот свет, но домашните жители се обидуваат да се изборат со епидемијата на секој можен начин.

Повеќе од 83.000 луѓе во 56 земји ширум светот заболеа од корона вирусот. СЗО ја ажурираше глобалната проценка на вирусот од „висок“ на „многу висок“. Илјадници луѓе умреа, додека главните индустрии се уништија поради него. Но во Кина, каде вирусот најпрво удри, главните градски центри станаа градови на духовите затоа што луѓето се дома во карантин.

Кинескиот архитект Дајонг Сан верува дека луѓето можат да се заштитат. Основачот на формата Пенда развил концепт на нослив штит кој, како што тој вели, би можел да се применува во масовен обем во текот на епидемијата. Наречен е „Биди Бетмен“ (Be Batman), дел од системот е инспириран од приодниот свет, а дел од изграденото опкружување. Сан напоменува дека лилјаците можат да бидат извор на појава на корона вирусот, но сепак делува имуно на неговите напади. Нивните тела се загреваат додека летаат, што им овозможува да се борат против вирусот преку природната активност, а не со грозница. За овој штит, Сан констатирал угоден систем, со слични слаби и лесни крилја кои им овозможуваат на лилјаците да летаат. Корисниците носат ранец со рамка од карбонски влакна со ПВЦ фолија, која кога ќе се замота околу нив изгледа како личен балон.

Во некоја архитектонска филозофија зградата се смета за трета кожа. (Кожата на личноста е прва кожа, облеката е втората кожа.) ПВЦ штитот создава физичка бариера измеѓу вас и вирусот кој би можел да лета под вашето тело. За дополнителна заштита, УВ светлата ја стилизираат површината на пластиката. Костимот не е херметички затворен, но сепак ги следи некои од најдобрите пракси во врска со реакцијата на епидемија.

Сè уште не е јасно како точно се шири вирусот, но CDC верува дека тоа е „личност-личност“: со други зборови, допирајќи се еден со друг или допирајќи иста работа, потоа допирајќи си ги очите или устата. Тоа не е нешто кое можете едноставно да го фатите дишејќи ист воздух со некој кој е веќе заразен.

Ни карбонските влакна, ни ПВЦ не се ретки материјали и двата се толку лесни што можете овој систем едвај да го забележите како ви стои на рамењата. Во суштина, дизајнерот го замислил костимот погоден и за градската вожња – ранец кој ви ја дава силата на лилјакот.

Сан Дајонг моментално се обидува да најде луѓе кои би му помогнале да ги исполни инженерските задачи. Секако, авторот на идејата е спремен да ги пружи своите услуги на дизајнирање бесплатно.

Текстот Дизајнер од Кина креирал одело за заштита од корона вирус е превземен од Reporter.mk.