Дневен хороскоп за 1 октомври

Овен

Денес е неповолен ден за отпочнување на каква било работа. Обидете се да се фокусирате и целата енергија да ја потрошите на старите задачи. На љубовен план, за оние кои се во брак, денес е од оние денови кога нема да се согласувате со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со желудникот.

Бик

Во текот на денот ве очекуваат расправии со вашите претпоставени и колеги. Ваквите проблеми би можеле да влијаат во развојот на настаните во иднина. На љубовен план денес ќе поминете убави моменти со вашиот партнер. Денес е поволен ден за оние кои се во врска или брак. Внимавајте на здравјето и проблемите со грлото.

 

Близнаци

Очекувајте во текот на денот проблеми во комуникацијата со вашите соработници. Денес ви е неповолен ден што се однесува до работата. Можно е да имате преголем притисок и од вашиот партнер кој ќе ви го промени расположението кон полошо. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.

Рак

Можно е да бидете разочарани од околностите на деловно поле, затоа што многу од работите не се одвиваат онака како што сте очекувале. Се повеќе сте нервозен и влегувате во кавги со вашиот партнер. На љубовно поле работите не ви се најсјајни. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

Лав

Во текот на денот ќе се соочите со вашите надредени. Попатно ве очекуваат големи пречки во намерата да стигнете до зацртаната цел. Денот не е поволен што се однесува на полето на работа. Не сте задоволни од односот на вашиот партнер и полека надоаѓа крајот на вашата врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со нервозата.

Девица

На деловен план не сте премногу оптеретени од околностите во кои се наоѓате. Имате впечаток дека работите ќе се решат самите од себе. Не сте заинтересирани за додворувања и флертот ви станува прилично напорен. Ви одговара повеќе да сте сами. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Вага

Денешниот ден не ви е поволен за било какви промени на деловен план. Очекувајте големи загуби ако се осмелите да се впуштите во каков било ризик. На љубовно поле подгответе се за чести кавги со вашиот партнер. Обидете се да бидете смирен и да ги одбегнете бурните реакции. Внимавајте на здравјето и проблемите со респираторна инфекција.

Шкорпија

Ќе добиете можност да направите важни промени на полето на работа. Подолг период во глава ви се вртат проблеми од минатото. На љубовно поле се чувствувате сакано и уживате кога сте заедно со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да ги избегнувате цигарите.

Стрелец

Засега можете да очекувате поволен ден што се однесува на полето на работа. Ќе имате можност да ги импресионирате вашите надредени и соработници. На љубовен план се обидувате да се одлучите да влезете во врска со личност која ве привлекува подолг период. Сепак опциите ви се отворени и за други. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

Јарец

Можете да сметате на помош од страна на вашите соработници. Денес е поволен ден за да решите некои од проблемите во минатото. Очекувајте да влезете во врска со личност која ја познавате од порано. Внимавајте на здравјето. Пожелно е да посетите стоматолог поради контрола.

Водолија

Во претходниот период сте направиле голем број грешки на работното место. Денес истите ќе испливаат на површина и ќе дојде време за наплата. Работите не ви се најсјајни на деловен план. На љубовно поле се чувствувате убаво покрај саканата личност со која имате стабилен и добар однос. Со здравјето сè е во ред.

Риби

Во текот на денот ќе наидете на големи проблеми на работното место. Важно е да покажете прагматичност и снаодливост. Повеќе не ги чувствувате истите емоции кај саканата личност и имате впечаток дека врската би можела да прекине. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во кичмата.

 

Текстот Дневен хороскоп за 1 октомври е превземен од Reporter.mk.