Дневен хороскоп за 11 октомври

ОВЕН

Не очекувајте да имате големи пресврти на деловно поле денес. Можеби не се сложувате најдобро со саканата личност и вашиот однос постојано се влошува. Проблеми со варењето.

БИК

Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и со партнерот некои работи се подобруваат. Намалете го внесувањето јаглехидрати.

БЛИЗНАЦИ

Крајниот резултат на ситуацијата која ве мачи би можел да биде неочекуван. Ќе најдете некое решение. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготвена за сериозна врска и не ја интересираат минливи авантури. Пад на енергијата.

РАК

Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ден ви е поволен за работа и среќата е на ваша страна. Ве очекува возбудлива ситуација со личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос може да биде интересен. Спортувајте.

ЛАВ

Ве очекува поволен ден за работа. Може да се надевате на позитивни пресврти и добри промени. Очекувајте и ново познанство. Ќе следуваат убави промени во љубовта. Внимавајте на стомакот.

ДЕВИЦА

Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе имате позитивни решенија на деловно поле. Лесно ги покажувате своите емоции и сакате да дојде до максимална стабилизација на односот со саканата личност. Здравјето е во ред.

ВАГА

Ќе имате помала штета на деловно поле. Сѐ укажува на тоа дека денешниот ден не ви е многу поволен. Во вас се буди потребата за нова љубовна врска. Самотијата не ви одговара и сакате поголеми промени. Здравјето е во ред.

СКОРПИЈА

Ве очекуваат поволни околности кога станува збор за работата. Можеби ќе имате некои убави вести наскоро. Доколку планирате љубовни промени, може да очекувате позитивна ситуација во фазата која доаѓа. Внимавајте на бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Ќе успеете да се посветите на својата работа и да решите некои проблеми што сте ги имале од претходно. Ќе остварите ново познанство со личност која во иднина ќе има голема улога во вашиот љубовен живот. Внесувајте повеќе витамини.

ЈАРЕЦ

Сите планови би требало да бидат добри, ве очекува ден во кој ќе бидете задоволни со резултатите од работата. Партнерот ви е максимално посветен. Среќни сте покрај него. Водете сметка за ушите.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате дека ќе се појави некоја нова деловна понуда која ќе биде многу значајна за вас. Немате никакви дилеми кога станува збор за емоциите, знаете што сакате и ќе се насочите кон целта. Проблеми со уринарниот тракт.

РИБИ

Може да очекувате успех на работа. Пред вас е период во кој ќе имате многу среќа. Ако ви се допаѓа некоја личност која ја познавате од минатото, вашиот однос со неа може да напредува. Можни се проблеми со синусите.

Текстот Дневен хороскоп за 11 октомври е превземен од Reporter.mk.