Дневен хороскоп за 15 октомври

Овен

Ве чека тежок и напорен ден на работа, со многу обврски. Претпоставените ви создаваат притисокот, но тоа нема да ве спречи во надминувањето на пречките. Потрудете се да смислите како да го украдете вниманието на вашиот партнер. Ова е идеален период за флерт. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

Бик

Денеска слободно можете да се опушите на работа. Потребен ви е одмор од многуте обврските кои ги имавте претходно. Во вас се будат чувства за личност која ја познавате од минатото. Ќе посакате да да влезете во сериозна и стабилна врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со притисокот.

Близнаци

Шефот постојано ви вис над глава и потребна ви е секаква помош од колегите. Доаѓа период кога односите со вашиот партнер ќе станат комплицирани. И двајцата не сте подготвнеи за компромис. Обидете се да бидете разумен и да ја зацврстите врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

 

Рак

Денот ќе ви помине мирно и без никакви ангажмани. Ќе ви биде монотоно на работа. На љубовно поле работите се идеални. Имате одлична комуникација со партнерот. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Лав

Ова е идеален момент за носење големи одлуки. Финансиите ви се стабилни и немате причина за никакви грижи. Имате потешкотии во комуникацијата со партнерот. Не знаете како да ги решите љубовните проблеми. Внимавајте на здравјето и начинот на исхрана.

Девица

Денот ви минува опуштено. Повеќе ги немате стресните моменти и притисоците кои ви ги создава шефот. Сакате целосно да му се посветите на вашиот партнер и да уживате во заедничките моменти. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем одмор.

Вага

Кавгите со вашите претпоставени ви прават дополнителни проблеми на работа. Дополнителна грижа ви прават и финансиите. И во љубовта, ситуацијата е загрижувачка. Ве оптеретуваат големиот број несогласувања со партнерот. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Шкорпија

Следува период во кој шефовите ќе ве затрупаат со работа. Ќе се обидете на секаков начин да ги одложите обврските. Ви следуваат позитивни промени со партнерот кој како и вас сака максимално да се посвети на врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на грчеви.

 

Стрелец

Големиот број кавги и расправии со вашите колеги и претпоставени, ви создаваат дополнителни главоболки. Ќе влезете во кратка љубовна авантура со личност која не ја познавате. Внимавајте на здравјето. Можно е појава на психолошки проблеми.

Јарец

Ви следи мирен период на работа. Дел од плановите и ангажманите ќе ви бидат откажани. Имате чувство дека партнерот крие нешто од вас. Во вас се буди чувството на љубомора. Сакате почит и искреност во врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во пределот на грбот.

Водолија

Не сте задоволни од моменталната работа, но истовремено не сакате да ја смените. Околностите со партнерот се проблематични. Секојдневно влегувате во нови и поголеми расправии. Внимавајте на здравјето. Влегувате во фаза на депресија.

Риби

На чекор сте до целта и посакуваното унапредување. Ви следат убави моменти на полето на работа. И во љубовта работите се движат во позитивен правец. Следат убави моменти со личноста која ја чувствувате за многу блиска. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во пределот на градниот кош.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 15 октомври е превземен од Reporter.mk.