Дневен хороскоп за 17 март

ОВЕН 

Ќе се најдете во ситуација да носите важни одлуки. Но, не треба премногу да бидете загрижени. За што и да одлучите нема да погрешите. Ви следи позитивен период на полето на работа. Не ви се допаѓа тоа што сте одвоени од партнерот. Сè повеќе ви се чини како да доаѓа крај на врската. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на грбот и коските.

БИК

За оние кои планираат да патуваат, ве чекаат убави моменти на полето на работа. И во љубовта работите се подобруваат. Ви се допаѓа личност од вашето опкружување и се подготвувате за акција. Подготвени сте за нова врска. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на циркулацијата.

БЛИЗНАЦИ

Ве загрижуваат трошоците и финансиите. Не сте подготвени и не знаете како да ги решите проблемите на деловен план. Полека почнувате да губите доверба во вашиот партнер со кого сте претходно сте имале големи проблеми. Посакувате и крај на врската. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на воспаленија и инфекции.

РАК

Имате впечаток дека на деловен план работите не се одвиваат онака како што сте очекувале. Незадоволни сте од ситуацијата во која се наоѓате. За оние кои се во брак, ви следи период на монотонија, од која нема да ви биде лесно да излезете. Ќе имате многу проблеми со партнерот. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.

ЛАВ

Ве очекува период во кој ќе имате потешкотии во остварување на добар однос со колегите на работа. Ве чека интересна средба со личност со која флертувате веќе некое време. Внимавајте на здравјето и проблемите со притисокот.

ДЕВИЦА 

Ви претстои генерално е добар ден и можете да очекувате дека ќе бидете задоволни од околностите на ова поле. Ве чека можност и прилика да влезете во нова врска во која ќе бидете среќни и задоволни. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни стапала и зглобови.

ВАГА 

Ќе успеете да ги остварите вашите планови на полето на работа. Ќе бидете задоволни од сработеното. Сè ќе ви оди од рака на ова поле. Не сте сигурни во кој правец сакате да се одвива вашата врска, која не сакате во никој случај да пропадне. Внимавајте на здравјето. Би ви годела прошетка.

СКОРПИЈА

Во текот на денешниот ден ве очекуваат помали компликации на деловен план. Не сте подготвени сеуште да се соочите со сите проблеми. Ве очекува добар ден и на полето на љубота. Ќе уживате во убавите моменти со вашиот партнер. Со здравјето сè е во најдобар ред. Немате никакви проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Ќе ја подобрите комуникацијата и односот со партнерот за кој имате силни чувства. Доколку имате проблеми во контактот со партнерот, ќе успеете да ги решите во текот на денешниот ден. Ве очекува поволен период на ова поле. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на малаксаност.

ЈАРЕЦ

Немате доволно доверба во соработниците. Пред вас е период во кој ќе ви се јават мали деловни компликации. Посветени сте му на партнерот и убаво ви е кога сте заедно. Ве очекува поволен период со него. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на циркулацијата на крвта.

ВОДОЛИЈА 

Можете да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета и дека во последен момент ќе добиете помош за некои важни деловни прашања. Ви се допаѓа личноста која сте ја запознале преку пријател, спонтано во некое опуштено опкружување. Со здравјето сè е во најдобар ред. Немате никакви проблеми.

РИБИ

Ќе создадете стабилност на полето на работа и ќе бидете среќни поради тоа. Не ве очекуваат поголеми промени на ова поле. Наскоро очекувајте ново познанство. Посветете се на дружењето, излегувањата и ќе имате голем број на нови љубовни понуди. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на срцето.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 17 март е превземен од Reporter.mk.