Дневен хороскоп за 17 септември

Овен

На деловен план подготвени сте да покажете иницијатива на работното место. На љубовно поле ќе уживате во убавите моменти со вашиот партнер. На здравствен план ќе имате проблемите со нервите.

Бик

На деловен план може да очекувате подобрување на деловните околности. На љубовно поле, очекувајте зацврстување на врската со вашиот партнер. На здравствено поле, ќе имате проблем со очите.

 

Близнаци

На деловен план, пред вашиот шеф ќе добиете можност да ја покажете вашата подготвеност и умешност. На љубовно поле можете да се надевате на интересно познанство со личност со која во иднина ќе остварите стабилна врска. На здравствен план немате никакви проблеми. Полни сте со енергија.

Рак

На деловен план финансиите ви се променливи. Бизнисот ви виси, а вие сте незадоволен. На љубовно поле пожелно е на вашиот партнер да му ги покажете искрените чувства, за да може да ве разбере. На здравствен план сè е во ред. Пожелно е да ги избегнувате цигарите.

Лав

На деловен план ќе откажете некои од вашите планови. Нема да бидете премногу среќен поради тоа. Можете да очекувате стагнација на работа. На љубовен план, ако сте слободни, денес е идеален за ново познанство или флерт. На здравствен план поведете сметка ако сте склони на алергии.

 

Девица

На деловен план можете да очекувате ден во кој ќе имате многу работа, обврски и густ распоред пред себе. На љубовно поле, сигурни сте во своите чувства и не ви е проблем на партнерот отворено да му покажете што сакате. На здравствен план, пожелно е да ја зголемите конзумацијата на витамини.

Вага

На деловен план неопходно е повеќе да ѝ се посветите на работата, ако сакате да ги остварите зацртаните цели. Во спротивно ќе бидете незадоволни. На љубовно поле треба, работите не се сјајни. Размислете за односот и околностите во кои се наоѓате. На здравствен план, ве мачи несоница.

Шкорпија

На деловно поле денот ќе ви донесе мали компликации. Можни се разни проблеми. На љубовно поле, за оние кои се слободни, следи период со многу флертувања. На здравствен план, пожелно е да го зголемите количеството на витамини.

Стрелец

На деловен план работите не се најсјајни. Не влегувајте премногу во ризични потези. На љубовно поле, сметате дека ви е потребна пауза од вашиот партнер, кој почнува да ве оптеретува. Со здравјето сè е во ред, освен проблемите со кичмата.

Јарец

На деловен план ве очекува патување во странство, кое може да ви направи големи промени во бизнисот. Ве очекува генерално поволен период на ова поле. На љубовен план, многу е веројатно да успеете да остварите промени во односите со саканата личност. На здравствен план сè е во ред. Избегнувајте ги алкохолот и цигарите.

Водолија

На деловен план очекувајте во текот на денот голем прилив на пари. Доаѓа период на подобрување на вашите финансии. На љубовно поле може да ви се укаже можност да ги покажете искрените чувства кои ги имате кон личноста за која ви е грижа. На здравствен план не треба да се грижите за ништо. Сè е во најдобар ред.

Риби

На деловен план ќе успеете да решите некои од дилемите кои ве мачат на работа и да донесете конечни одлуки. Ве очекуваат важни деловни пресврти. На љубовно поле, можно е наскоро да донесете важна одлука по прашањето на брак и заеднички живот со саканата личност. На здравствен план имате проблеми со нискиот притисок.

 

Текстот Дневен хороскоп за 17 септември е превземен од Reporter.mk.