Дневен хороскоп за 2 декември

ОВЕН

Можеби на работа ќе имате компликации кои неповолно ќе влијаат на развојот на понатамошните настани. Ве очекуваат интересни случувања со личност која ви се допаѓа. Поволен ден за вас. Проблеми со грлото.

БИК

Неповолен ден за почеток на нова работа или какви било промени. Потрудете се да бидете фокусирани на старите задачи. Доколку сте во брак, добро ќе се согласувате со партнерот. Внимавајте на исхраната поради органите за варење.

БЛИЗНАЦИ

Можеби ќе бидете разочарани со околностите на деловно поле бидејќи многу работи не одат онака како што очекувавте. Склони сте кон променливо расположение и лесно влегувате во нови кавги и расправи со личноста која ја сакате. Проблеми со главоболка.

РАК

Пред вас се некои помали проблеми во комуникацијата со деловното опкружување. Може да очекувате неповолен ден. Имате впечаток дека партнерот пребргу го менува расположението. Водете сметка за исхраната.

ЛАВ

На деловно поле не сте оптоварени со околностите во кои се наоѓате, имате впечаток дека сѐ ќе се реши. Не сте заинтересирани за додворувачот кој станува прилично упорен. Можеби повеќе ви одговара да бидете сами во моментов. Здравјето е сосема во ред.

ДЕВИЦА

Ве очекува соочување и кавги со претпоставените или некои поголеми пречки на работа. Денешниот ден не е поволен за вас. Време е да свртите нов лист и да почнете од почеток кога станува збор за љубовта. Нервозни сте.

ВАГА

Ве очекува можност да направите важни промени на деловно поле. Можеби ве оптоваруваат некои проблеми. Се чувствувате сакано и уживате кога сте заедно со личноста која ви се допаѓа. Избегнувајте ги цигарите.

СКОРПИЈА

Денот не е поволен за поголеми промени на работа. Можеби ќе се изгубите ако се впуштите во ризик. Склони сте да реагирате во афект во контактот со саканата личност и затоа честопати започнувате кавги. Можни инфекции на дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Може да сметате на помош од соработниците. Поволен ден да ги решите проблемите од минатото. Доколку ви се допаѓа личност која ја познавате од минатото, сега е време за пресврт. Посетете стоматолог.

ЈАРЕЦ

Засега може да очекувате поволен ден. Ќе имате можност да остварите напредок на работа. Се обидувате на љубовно поле да се одлучите за една личност, но имате премногу можности за авантури. Избегнувајте алкохол.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат проблеми кои ќе се појават одненадеж. Важно е да покажете прагматичност и снаодливост. Повеќе не чувствувате иста доза емоции кон саканата личност и имате впечаток дека врската мора да прекине. Проблеми поврзани со ‘рбетот.

РИБИ

Можеби во минатиот период бевте преокупирани со погрешни работи и сега грешките полека доаѓаат на наплата. Се чувствувате добро покрај саканата личност со која имате сосема стабилен однос. Водете сметка во сообраќајот.

Текстот Дневен хороскоп за 2 декември е превземен од Reporter.mk.