Дневен хороскоп за 22 февруари

Овен

Полека се издигнувате од неодамнешниот голем деловен неуспех, а истовремено добивате чувство дека наскоро сè ќе биде во ред. На љубовен план емоциите ви се помалку важни. Својата енергија ја насочувате кон деловниот успех. На здравствено поле внимавајте на воспаленија.

Бик

Во претстојниот период со своето однесување ќе одлучите дали сакате да ја зацврстите својата положба или ќе ја загубите својата наклонетост кон надредените. Поради неподготвеноста на компромисот кој вашиот партнер го покажува кон вас, почнувате да се оддалечувате од него. На здравствено поле внимавајте на проблеми со бубрезите.

Близнаци

Тешко прифаќате поголем обем на одговорност, која доаѓа со поголемиот број обврски на работното место. На љубовно поле, пред вас е тежок период. Вашиот однос со саканата личност и во иднина ќе остане добар како и досега. На здравствено поле имате пад на имунитетот.

Рак

Секој деловен потег кој е на некој начин ризичен за вас и може да ви донесе губиток на среќа не е за вас. На љубовно поле, иако вашата љубов кон партнерот е искрена и длабока, сепак, добивате чувство дека не се разбирате. На здравствено поле, би ви годел одмор.

Лав

Немојте премногу да се потпирате на советите на луѓето околу вас. Не се сите информации кои доаѓаат до вас секогаш точни. На љубовно поле, вашиот однос со партнерот трпи поради вмешаноста на други лица од страна. Време е да ставите точка на тоа. На здравствено поле имате проблеми со варењето на храната.

Девица

Се појавуваат проблеми во комуникацијата со блиски луѓе во вашето деловно опкружување. Тешко се снаоѓате во поставувањето на границите меѓу она што претставува лична и деловна работа. На љубовно поле, некое скорешно познанство може да ве внесе во љубовна врска. На здравствено поле, имате проблеми со грлото.

Вага

Вашата финансиска ситуација е стабилна, но не сте задоволни по прашањето на својата позиција и типот на работа со која се занимавате. Имате впечаток дека со саканата личност сте пред сè поради личниот интерес. На здравствен план не се чувствувате добро, посетете лекар.

Скорпија

Се обидувате да одржите контрола на сите работи кои ви надвиснуваат на глава на работното место. Но, некои работи се реално над вашите можности. На љубовно поле ви пречи ограничувањето кое саканата личност се обидува да го наметне во вашата врска. На здравствено поле, ве мачи мигрена.

Стрелец

И понатаму не можете да излезете на крај со проблемите од минатото. Иако решението се чини далеку, сепак, не е така. На љубовно поле ви се допаѓа личност која не е слободна. Но, тоа не претставува пречка за ниту еден од вас двајцата. На здравствено поле, можни се проблеми со штитната жлезда.

Јарец

Не ве очекуваат никакви промени во вашето работно опкружување. Ситуацијата денес ќе ви биде мирна и стабилна. Тешко ви паѓа неодамнешното раскинување со саканата личност и не знаете како да го надминете тоа. Ви недостигна поранешниот партнер. Би ви годела масажа.

Водолија

На сите начини се обидувате да заштедите пари. Сепак на поголема добивка може да се надевате дека ќе остварите ако се обидете со нови начини на заработка. На љубовно поле имате голема доверба во вашиот партнер и вашата надеж за заедничка иднина е голема. На здравствено поле, обидете се да ги избегнувате пороците.

Риби

На работно поле, може да добете позитивни вести кои ги чекате подолг период. Денес сте расположени кон своите соработници, повеќе од вообичаено. Ако ви се допаѓа некоја личност слободно пристапете ѝ. На здравствено поле, можна е појава на алергии.

Текстот Дневен хороскоп за 22 февруари е превземен од Reporter.mk.