Дневен хороскоп за 22 март

ОВЕН 

Подготвени сте да им се посветите на деловните проекти и имате голем број идеи. Сега е моментот кога треба да се покажете пред вашите колеги и шефови. Имате многу несогласувања со вашиот партнер. Не сте задоволни од врската. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

БИК

Денес е денот кога ќе имате можност да напредувате. Судбината ви е наклонета кога е во прашање работата. На вашиот партнер му годи посветеноста и вниманието кое му ги давате. Ве очекува поволен период за љубов. Внимавајте на здравјето.

БЛИЗНАЦИ

Нарушен ви е односот во комуникацијата со вашето деловно опкружување. Тешко ви е да напредувате на полето на работа. На љубовен план денот може да биде многу поволен за вас. Наскоро ве очекува врска со нова личност. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на кожата.

РАК

Очекувајте промени во вашето работно опкружување. Ваквите промени можат да бидат од големо значење за вашата кариера. Партнерот ќе покаже подготвеност за сериозни промени во вашата врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

ЛАВ

Време е да се соочите со потешкотиите со кои се соочувате на работа. Почнете да ги решавате проблемите чекор по чекор. Не сте сигурни која личност е вистинската за вас. Можно е на ова поле да имате голема дилема. Внимавајте на здравјето. Денес ќе бидете многу чувствителни на здравствен план.

ДЕВИЦА 

Очекувате да ви излезат проблеми и компликации на работа кои ќе ве оптеретат и ќе ви земат голем дел од енергијата. Сепак на крајот од денот, работите ќе успеете да ги решите. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и нема да се откажете сè додека не биде ваша. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.

ВАГА 

Пред вас е фаза во која ќе имате големи понуди кои ќе бидат од големо значење за вас и вашата кариера. Ќе запознаете нова личност која ќе ви покаже дека е подготвена за нешто и повеќе од авантура со вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

СКОРПИЈА

Можете да се надевате на подобрување на состојбата на полето на работа. Многу од работите се одвиваат на подобро и задоволни сте од сработеното. Стабилна ви е и љубовната состојба, барем за оние кои се во брак. Поволен период ги очекува и оние кои се сами. Подгответе се за нови познанства. Внимавајте на здравјето и забите.

СТРЕЛЕЦ

Денес не носете нови одлуки затоа што е крајно неповолен ден за вас. Очекувајте и помала штета. Важно ви е постепено да работите на подобрување на комуникацијата со личноста која ви е многу важна и драга. Внимавјате на здравјето. Можна е појава на поспаност и замор.

ЈАРЕЦ

Пред вас е фаза која ќе ви донесе многу позитивни промени на полето на работа. Очекувајте и подобрување на финансиите. Можете да се надевате на ново познанство кое за вас ќе биде од големо значење. Внимавајте на здравјето.

ВОДОЛИЈА 

Очекувајте помош која ќе ви биде неопходна за да ги завршите сите деловни работи и да ги решите голем дел од проблемите. Задоволни сте од врската со партнерот. Во наредниот период сериозно ќе размислувате за почеток на заеднички живот. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

РИБИ

Посветени сте на работа и ќе покажете големи резултати. Ќе бидете задоволни кога ќе ги остварите вашите цели. Јавно покажувате интерес кон личност која ви се допаѓа и посветени сте да ја освоите. Внимавајте на здравјето. Би ви годела масажа.

 

Текстот Дневен хороскоп за 22 март е превземен од Reporter.mk.